Радио Милева се чека...

Кемиш за првпат проговори за состојбата на Зорица Брунцлик: „Наскоро се враќа“

Кемиш за првпат проговори за состојбата на Зорица Брунцлик: „Наскоро се враќа“

Хармоничарот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш за првпат проговори за здравствената состојба на неговата сопруга Зорица Брунцлик и откри дека таа се враќа во „Пинкови ѕвезди“.

Во изминатиот период имаше многу шпекулации за здравствената состојба на пејачката, но таа и нејзиното семејство до сега не објавија ништо за тоа.

Имено, сега Кемиш за првпат потврди во музичкото шоу дека нејзината состојба се стабилизирала и дека се враќа во Пинковите ѕвезди.

– Зорица се враќа наскоро и ве поздравува сите – рече Кемиш, по што следеше водителката Бојана.

– Значи, Зорица наскоро се враќа во Пинкови ѕвезди? – рече таа и ја воодушеви публиката.

Засега се уште не е откриен точниот датум, но по оваа изјава на нејзиниот сопруг кој седеше во црвената фотеља од нејзиното местот во шоуто појасно е дека познатата пејачка се враќа по старо.

фото:Instagram printscreen/zoricabrunclik_official

To top