Радио Милева шеф тара

Тарабунов се надмина: Ваква страст и умешност се сон за секоја жена (видео)

Тарабунов се надмина: Ваква страст и умешност се сон за секоја жена (видео)

Велат дека љубовта кај мажот доаѓа преку стомакот, но сигурни сме дека ова непишано правило би важело и за дамите.

Која припадничка на понежниот пол не би сакала да има партнер кој постојано ќе ја изненадува со маестрално приготвени јадења кои вешто ги приготвува во кујната? Веруваме дека таква нема!

Овие мажи се ретки, а еден од нив е музичарот Александар Тарабунов- Тара. Тој досега многупати се докажал дека е голем мераклија во кујната, а обожава да приготвува од печено, пржено, варено, месено, благо… и згора на тоа декорацијата му е вистинска уметност, да му позавидат дури и шефови од ресторан со пет ѕвездички.

 

Овој пат премина на ново ниво, да приготвува домашна паста, рамна на оние од Италија или Кина.

Процесот го прикажа од видео објава на своето стори и тоа од чекор на изработка, до сервирање на врвниот рецепт.

А крајниот резултат на чинија, вистинска уметност, лиги да ти потечат!

Во една прилика во врска со љубовта и страста за готвењето тој изјави:

-Ја имам од татко ми, бидејќи тој секојдневно готви и порано тоа ми сметаше малку, но како одат годините и мене ме заинтересира храната и почнав да истражувам за намирниците , да ги комбинирам, кое со што одговара како здрава храна, да експериментирам и така се усовршив. Многу сакам да ги декорирам јадењата што ги приготвувам, затоа што сакам покрај тоа што е вкусно и на око да изгледа убаво, изјави своевремено Тара за Гламур.

Тара сериозно почна да размислува дали да отвори ресторан, а откако го постави прашањето на својот профил, многумина му порачаа дека е создаден за тоа, па дури се јавија и такви кои посакаа да инвестираат.

Покрај толкава мотивација и пофалби, ако Тара се реши на таков чекор, сигурно ќе биде силна конкуренција на скопските угостители.

Ама веруваме дека ќе ги привлече и дамите, особено сега откако е сингл и ја раскина долгогодишната врска со сега веќе екс-партнерката Калина.

фото: Instagram printscreen/aleksandartarabunov

To top