По апсењето на пејачот Аца Лукас на аеродромот во Гетеборг, се појавија нови информации.
Како што дознава Курир.рс, на пејачот наводно му е забранет влез во Шведска во период од пет години.
Според достапните информации, Лукас бил запрен од граничната полиција по пристигнувањето на аеродромот Ландветер во Гетеборг, по што не му било дозволено да влезе во земјата. Организаторот на концертот објавил соопштение во текот на вечерта, додека другите изведувачи веќе биле на сцената, и ја информирал публиката за новонастанатата ситуација.
– Ова е многу специфична ситуација. Лукас е приведен од полицијата – изјави организаторот, меѓу другото, нагласувајќи дека ова не е вообичаена постапка што се спроведува кога проблемот е од административна природа или одговорноста е на организаторот.

Како што е објаснето, во стандардни случаи, кога има пропуст од страна на организаторот или проблем со документацијата, постапката на шведските аеродроми е едноставна: на патникот му се издава документ, му се обезбедува повратен билет и му се забранува влез, но без дополнително задржување. Во такви ситуации, лицето има пристап до телефон и поминува низ редовниот процес на депортација. Сепак, според изворот близок до организаторот, овој пат ситуацијата била поинаква.
– Кога сте осомничени за други работи, постапката е сосема поинаква – додаде тој, без да даде дополнителни детали. Причините за повеќегодишната забрана за влез на Лукас сè уште не се официјално потврдени, и се очекува пејачот или неговиот тим наскоро да дадат соопштение во врска со целиот случај.
Foto: printscreen/instgaram







