Понекогаш „малите“ гестови, особено оние на укажано внимание кон некого, знаат да значат многу.
За добрите дела можеби нема точно време кога ќе се почувствува нивниот ефект, но затоа некогаш ќе се вратат како бумеранг.
Токму тоа, но за доста брзо време, му се случи на пејачот Владо Георгив кој неодамна за своите македонски фанови го презакажа концертот (20. Март) во СЦ „Јане Сандански“ Скопје со нов термин за 24. Април поради годишнината од катастрофата во Кочани.

До поместување на концертот дојде заради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организационен тим“ кој не бил информиран дека во седмицата кога требаше скопскиот концерт да се одржи се паѓа годишнината од трагедијата.
„Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, ама навистина не е во ред. Се гледаме на 24 април, ве чекам онака, господски“ – и порача Владо Георгиев на својата македонска публика во кусaта изјава при неговиот неодамнешен престој во Скопје.

На сето тоа, денот на самиот концерт се паѓал на верскиот празник Рамазан Бајрам, што за пејачот било дополнителна причина за поместување на неговото одржување за 24-ти април.
Токму за оваа постапка на пејачот, одложувањето со нов термин на концертот со цел да се испочитуват сите, односно ужалените, а и целата македонска јавност, македонските фанови почувствуваа дека Владо заслужува внимание, макар и букет цвеќе испратено на негова адреса во знак на благодарност кое тој го објави на социјалните мрежи.

-Ова ми стигна на адреса, уште вчера… Прекрасно, стои во описот на фотографијата со букетот црвени рози испратен анонимно од белградските фанови од Македонија или македонските обожаватели од Белград?!
Топло на душа, убаво на срце за изненадувањето од публиката која нетрпеливо го очекува Владо Геогриев наскоро во Скопје – средба закажана за 24. Април во СЦ „Јане Сандански“ каде сигурно ќе бидат споделени уште мноштво искрени емоции и врачени многу букети. Онака, господски!
Фото: Instagram printscreen/vladogeorgiev







