Вечерни настапи до доцна, многу извозени километри, средување за на сцена, фотосесии… се’ тоа дел од естрадниот живот на познатата пејачка Антониа Гиговска и секако нејзините колеги од естрадата.
Кај Антониа оваа константа и со актино темпо започна откако неколку месеци по породувањето повторно се активираше на сцената.
Нови песни, албум, работа на својот физички изглед, многу настапи и се тоа секојдневно паралелно со мајчинството.
View this post on Instagram
Антониа се оствари во најубавата животна улога за една жена, стана мајка, но со тоа природно дојдоа и слатките маки.
Па така, ако некогаш после вечерната свирка можеше да спие до два по пладне, а потоа да биде посветена само на себе, сега тоа речиси и да е невозможно.
Мама Тониа му треба на Киан кој е буден рано и е подготвен на сопствената бебешка акција. А на мама и се спие и се плаче, но што е тука е!
Како има навика, така постои и одвикнување, па и адаптирање. На своите „стори“ на Инстаграм Гиговска објави утринска фотографија повикувајќи ги да се јават оние како неа што некогаш спиеја до доцна попладне, а сега се ранобудни како неа.
А кога ти треба сон, природно е да си без концентрација и расеан, што си носи и последици.
Антониа како резултат на тоа си ги избрижа фотографиите од новата фотосесија, па работата на социјалните мрежи ја чекаше одново.
Како и да е, решение секогаш има, особено кога до себе ја има најголемата и највозвишената љубов која дава сила за се’- мајчинската!
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa