Пејачот Бојан Томовиќ тврди дека бил во врска со колешката Јована Пајиќ, но таа љубов не траела бидејќи неговите родители не сакале пејачка за снаа.
Откако јавно ја објави бруталната порака испратена до Јована Пајиќ, со која ја сними дуетската песна „Југиќ“ пред 18 години, Томовиќ продолжи да ги наведува причините зошто е разочаран од својата колешка.

Пејачот тврди дека двајцата се сакале, но дека љубовта не траела поради неговите родители и црногорскиот менталитет.

„Тоа е целата вистина зошто сега ме разочара, бидејќи како да се срами од својот најголем хит или се срами од мене што во меѓувреме се разболев. Сепак, ѝ посакувам се најдобро во животот и за неа и нејзините најблиски“, рече Томовиќ во пораката што ја објави јавно.

Сепак, пејачот признава дека сè уште ја сака и би се оженил со неа само ако таа се согласи.
„Бев најтажниот гостин на нејзината свадба и најсреќниот човек кога слушнав дека се развела. Некои пожари никогаш не се гаснат… И знам, чувствувам дека на крајот Јована и јас ќе бидеме заедно, а Марија може да јаде го*на“, напиша Томовиќ, кој беше хоспитализиран неколку пати во текот на последните неколку години поради биполарно растројство.
фото:Instagram printscreen/jovana___pajic







