Радио Милева со јасен став

Елена Јовческа јавно обелодени: „Пеев во Грција со македонско знаме и добив забрана за влез 10 години“ (видео)

Елена Јовческа јавно обелодени: „Пеев во Грција со македонско знаме и добив забрана за влез 10 години“ (видео)

Македонската поп-фолк пејачка и гајдаџика, прилепчанката Елена Јовческа, пред околу пет месеци стана мајка на здраво и живо женско бебе кое го носи името Талија.

Мајчинството е најубатата и најблагородната улога дадена од Бога, а Елена е благословена да ја живее и ужива со полни гради мајчинска љубов.

Па така, откако стана мајка и физички доста се промени, Елена се почесто е гостинка пред камерите на македонските медиуми, а во едно од своите последни гостувања на ТВ Сител и шоуто „Магазин“, фокусот беше на нешто сосема друго.

Имено, низ разговорот со водителот, Елена обелодени дека е голем противник на грчките вечерни забави кои се прават кај нас, а таквиот став особено е поизразен откако во 2016 година гобива забрана за влез во Грција.

-Јас сум првата што сум против да се организира грчка вечер во Македонија. Еве јас ќе кажам јавно дека пеев во Грција со македонско знаме и добив забрана од десет години за влез во Грција. Тоа се случи во 2016 година, лани дури влегов и сега ме тргаат на страна повторно. Се водам во системот да, и сега ние сакаме македонското да биде… Јас добив забрана десет години, а организираме грчки вечери и кршиме чинии, тоа јас не оправдувам во  ниту еден случај. Ми ставиле забрана затоа што сум пеела во македонско село каде што се собираат Македонци кои живеат таму, кажа Јовческа.

Откако осамна разговорот и на социјалните мрежи, дополнително се разви дикусија околку темата. Лавина реакции и коментари од кои најмногу беа такви кои преку симболи и аплаудираа на пејачката, а секако и мал дел кои сепак имаат некои поинакви погледи на принципите и изведбата на истите во пракса.

 

фото:Instagram printscreen/jovceskaelena

To top