Радио Милева Елегантни и гламурозни

Кратките мини здолништа ги заменија со свечени тоалети: Марјана Станојковска, Вера Мештеровиќ и Агнеса Органџиева на Виенски бал (видео)

Кратките мини здолништа ги заменија со свечени тоалети: Марјана Станојковска, Вера Мештеровиќ и Агнеса Органџиева на Виенски бал  (видео)

Викендов, поточно во саботата, на 11 мај 2024-та  по 23 – ти пат се одржа традиционалниот Виенски бал со хуманитарен карактер  во чест  на австриската култура.

Елеганцијата и гламурот како и секогаш беа во центарот на вниманието, а тоа присутните  го покажаа и на кратките приказни на Инстаграм  кои ги наполнија со фотографии и видео клипови  од свечената гардероба, која се одлучија да ја облечат по повод настанот.

Во  духот на Виена  течеше балот па танците и музиката повторно ечеа во  хотел Александар Палас во Скопје, додека гостите се дружеа, танцуваа и густираа од богатото мени.

Се разбира и овој пат дрес кодот беше свечената долга тоалета за дамите и темно одело или  смокинг за посилниот пол.

Македонските познати дами со свечена гардероба во вид на фустани,  навистина воодушевија со изгледот,  откако  ја одбраа комбинацијата во која се чувствувале најприродно и  најудобно.

Водител домаќин на настанот беше Вера Мештеровиќ која дефинитивно беше од оние кои доминираа на настанот, целосно стилизирана во ексклузивна сребрена гламурозна тоалета.

Водителката Марјана Станојковска  која позираше со широка насмевка не беше ништо помалку впечатлива. Таа како кралица со круна на главата блескаше за оваа блескава ноќ.

 

Познатата инфлуенсерка на Инстаграм Агнеса Органџиева носеше впечатлива тоалета со флертувачки карактер, а се одлучила да искомбинира две во едно  – кратка и долга која и овозможи да ги покаже витките нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agnesa Ordanoska (@agnesaorgandzieva)

фото: printskrin/instagram

To top