Актерот Андрија Милошевиќ ја предупреди јавноста дека неговиот лик се злоупотребува во овие реклами без негово одобрение.
Андрија изјави дека ангажирал адвокат и апелираше до сите да не наседнуваат на измамата.
Играта “Chicken Road” се смета за измама со висок ризик, особено верзиите што агресивно се рекламираат на социјалните мрежи. Актерот Андрија Милошевиќ се огласи по повод настанот и откри дека неговиот лик се користи за промоција.

Андрија апелираше до сите да обрнат внимание.
– “Chicken Road” е измама. Тие го користат мојот лик за промоција и јас немам никаква врска со тоа. Ве молам обрнете внимание – напиша Андрија.

Актерот Андрија Милошевиќ неодамна се огласи на социјалните мрежи и ја информираше јавноста дека неговата слика е искористена за целите на рекламирање без негова дозвола.
Имено, Андрија потоа откри дека ангажирал адвокат за овој случај и се надева дека ќе успее да се избори со тоа.

– Уште еднаш да објавам дека мојот лик со вештачка интелигенција се користи за некаков вид кокошка што носи пари, не наседнувајте на тоа. Јас немам никаква врска со тоа. Тоа е класична измама, се обидувам да ставам крај на оваа неволја преку адвокат. Не рекламирам игри на среќа речиси три години, ниту пак имам намера. Споделете го ова за да можат да го видат што е можно повеќе луѓе, ви благодарам – напиша Андрија.
фото:Instagram printscreen/ andrijamilosevic_official







