Радио Милева инцидент

Мис Универзум се сруши среде фестивалска парада (ВИДЕО)

Мис Универзум се сруши среде фестивалска парада (ВИДЕО)

Носителката на титулата за Мис Универзум за 2025 година, Фатима Бош,  учествуваше на Фестивалот на овошје и цвеќе во градот Амбато, а снимката брзо се прошири на социјалните медиуми поради инцидентот од кој во фокус беше таа.

Видеата ја покажуваат Бош, облечена во фустан во минт нијанса, како стои на платформа украсена со цвеќиња и им мавта на толпата. Во еден момент, таа ја губи рамнотежата, се обидува да се држи за оградата зад себе, а потоа паѓа на колена.

Снимките покажуваат и вресоци од публиката, по што жена се качува на платформата за да ѝ помогне. Бош останала свесна и комуницирала со лицето кое ѝ дошло на помош, пренесува Индекс.хр

Организацијата Мис Универзум издаде соопштение по инцидентот. Директорот за комуникации Мигел Анхел Мартинез изјави за „People“ дека Бош „доживеала краток напад на вртоглавица откако учествувала на настан на отворено неколку часа“.

„Како мерка на претпазливост, веднаш ѝ беше помогнато од нејзиниот тим и локалниот медицински персонал на лице место“, се вели во соопштението. „Таа остана свесна и брзо се опорави. Нејзиниот распоред беше прилагоден за да ѝ се овозможи соодветен одмор и хидратација. Се чувствува добро и изрази искрена благодарност за топлината и гостопримството што го доби во Еквадор.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)

Мартинез додаде дека Бош моментално е на нејзина официјална меѓународна турнеја, која вклучува културни и хуманитарни ангажмани во неколку земји, и нагласи дека „здравјето и безбедноста“ на носителот на титулата остануваат врвен приоритет на организацијата.

фото:Printscreen/ X

To top