Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата трага по двајца мажи осомничени за киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, истакнувајќи дека пејачот, кој беше пронајден со врзани раце, е згрижен.

Според извештајот, по полициска потера, возилото во кое две, засега непознати, лица го киднапираа Д. К. (1983) под закана со нож и огнено оружје е запрено на територијата на општина Рума.
Киднапираниот е пронајден во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да избегаат во непознат правец.
Министерството за внатрешни работи, исто така, истакнува дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите изнудувале пари од пејачот.
Instagram Printscreen/daniel_kajmakoski/192_rs/Vijesti.ba



