Пејачката Елена Велевска и покрај тоа што ја гази петтата животна деценија и има долг стаж на естрадата, таа се’ уште е во редот на најатрактивните, најпопуларните и секако најбараните фолк пејачки кај нас.
Нејзиниот физикус, атрактивноста, зачинети со честите трансформации на изгледот, ја направија една од највечатливите жени на естрадната сцена.

Никој од нас не останува поштеден на времето и годините кои поминале, па оттука природно и нормално е да изгледаме поразлично од некогаш.
Елена се присети на мноштво фотографии од пред речиси деценија, и сакаше да ги потсети фановите и следбениците на тоа време, па и самата си направи споредба од „стори“ приказните на Инстаграм и Фејсбук.

Денес, свесна дека не е иста како некогаш, но и доволно самокритична за да каже дека одразот во огледалото не е ист како некогаш. Сепак, она што го има и носи со себе со сиот свој сексапил, несомнено предизвикува внимание.

Ретро фотографии на кои веројатно ќе се сетите, ако веќе сте ги виделе еднаш, а Елена со драго срце и радост ги прелистува низ спомени.
Сега назад во реалноста и подготвена да летне во Швајцарија каде ја чека работа да ги развесели и да им пее на нашинците таму.
фото:Instagram printscreen/evelevska





