Во семејството на популарната фолк пејачка Сузана Гавазова се славеше – поводот роденден, овој пат на нејзината мајка, баба Руса.
Па така, сите комплет решија да слават во ресторан во Велес.

На дамите не им се бројат годините, особено не во осмата деценија, но затоа им се бројат честитките. А, како што е редот, роденденски честитки од пријатели, роднини, колеги, соработници, верните следбеници, фанови и обожаватели на познатата ќерка, се редеа до недоглед.

Честитките различни, а желбите речиси исти, за здравје, среќа и секако уште многу вакви родендендени, спокојни и исполнети денови…
Што може повеќе да посака баба Руса, кога до себе има семејство за вака да ја радува и да и ја тополи душата.
Меракот пак, уште поголем кога ќе сврти и еден танц со сопругот на заедничката омилена песна…

Ова не е првпат Сузе да ги покаже родителите, а генерално не е резервирана кога станува збор за претставување на нејзините блиски пред пошироката јавност.
Семејството е најголемото богатство кое може да го има еден човек, а кога сите се на број, големината на тоа што го имаме е непроценлива.
Среќен роденден!
фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova






