Американскиот актер Брус Вилис не е свесен за дијагнозата на фронтотемпорална деменција, изјави неговата сопруга Ема Хеминг Вилис.
-Мислам дека тој мисли дека ова е неговиот нормален живот. Постои термин, невролошка состојба поврзана со FTD и други видови деменција, наречена аносогнозија, кога мозокот не може да препознае што му се случува. Луѓето мислат дека всушност е негирање, како кога не сакаат да одат на лекар затоа што мислат дека се добро… Брус никогаш не сфатил дека ја има оваа болест. Затоа сум навистина среќна. Среќна сум што не знае, рече таа во интервју за подкастот на TMZ.
Фронтотемпоралната дегенерација е невродегенеративна болест која прогресивно ги зафаќа фронталните и темпоралните лобуси и е поврзана со Алцхајмеровата болест.

-Тој е сè уште целосно присутен во своето тело. Кога некој ќе ми каже: „Дали Брус сè уште знае која си?“ Да, тој го знае тоа, бидејќи нема Алцхајмерова болест, туку има FTD. Тој има свој начин на поврзување со мене, нашите деца, тоа можеби не е начинот на кој би се поврзале со најблиските, но сепак е многу убаво и значајно. Само е различно. Едноставно учиш да се прилагодуваш, истакна Хеминг Вилис.
Во 2022 година, семејството Вилис објави дека на актерот му е дијагностицирана афазија, јазично нарушување предизвикано од оштетување на мозокот што влијае на способноста за комуникација.
Една година подоцна, во февруари 2023 година, беше објавено дека дијагнозата се развила во фронтотемпорална деменција, со коментар на социјалните медиуми: „Иако ова е болно, олеснување е да се има јасна дијагноза“.

Во интервју за ABC News минатиот август, Ема Хеминг Вилис рече дека актерот е сè уште „многу подвижен“.
-Брус е во одлична здравствена состојба, знаете, само што неговиот мозок не работи правилно… Неговиот јазик се губи, а знаете, научивме да се адаптираме. И имаме начин на комуникација со него кој е едноставно… различен, изјави таа.
фото:Insdtagram printscreen/brucewillisbw and brucewillis.wbw






