Радио Милева која е вистинската?

Марјана Станојковска излезе од реалноста и опасно се заигра со вештачка интелигенција

Марјана Станојковска излезе од реалноста и опасно се заигра со вештачка интелигенција

Со „AI-преобразбата“ на социјалните мрежи засега сè изгледа прилично хаотично.

Јасно е дека токму таа технологија во многу блиска иднина ќе игра клучна улога во она што следи. „Meta“ платформата веќе почна да вградува AI-алатки во своите апликации, а моментално со нив веќе се експериментира наголемо.

Голем предизвик и меѓу јавните личности, со кој се соочени и нашите познати фаци. Меѓу нив,  една од оние што периодов премногу се заиграа,  е лото водителката и инфлуенсерка Марјана Станојковска.

Но, оттука се поставува прашањето што е вистинска, а што е реална содржина?!

Која Марјана е во реално време и простор?

Квалитетно „испеглана“ како таа, така и просторната, односно амбиенталната рамка каде се почесто ја гледаме од нејзиниот Инстаграм профил.

Е сега, која повеќе Ви се допаѓа или како на себе самата си е подопадлива е индивидуална работа.

Сепак, едно е кристално јасно како ден, а тоа е дека платформите и вештачката интелигенција имаат амбиција да станат примарно место за консумирање содржина – или можеби сведочиме за сосема нов облик на социјални мрежи.

фото:Instagram printscreen/marjanamay

To top