Македонските јавни личности го преплавија Инстаграм со фотографии од снежните авантури, а бидејќи надвор е студено, тие ја затоплија атмосферата со провокативните снимки на своите профили.
Една од нив е младата пејачка Теа Трајковска, која го посети Копаоник и испрати поздрав од снежната идила каде одлучи да го помине зимскиот одмор.
Теа најпрво се огласи на снегот и позираше во топла црна бунда, додека во позадина одеше песната на Сенидах, „Бело“.

Подоцна таа ги возбуди следбениците со нов изглед, па откако ја соблече бундата покажа што носи под неа. Мрежестото боди веројатно не ја затоплило доволно, но затоа со капчето налик на зајаче совршено го заокружи стилингот.


– Снежно зајаче – напиша Теа во описот на фотографиите кои ги сподели и со кои привлече доволно внимание.


Допаѓањата под храбрите објави веднаш се натрупаа, а срцињата, комплиментите и пламенчињата за нејзиниот изглед беа во голем број.

„Теа шик изгледаш покрај зимската атмосфера“, „Лепота“, „Преубава“.
Така, зимата не мора да биде само студ и досада – со малку храброст, стил и шарм како оној на Теа снегот се претвора во незаборавни моменти.
Foto: print screen/Instagram/theatrajkovska






