Најпознатата македонска инфлуенсерка меѓудругото е и позната по тоа што нема „влакна на јазикот“ кога се не само другите во прашање, туку самата таа. Миа Костова секогаш транспарентна и отворена за себе и се што и се случува. Од најубавите до најлошите нешта во животот. И она со што сите би се пофалиле, ама и она што секој, особено јавните личноси ни за жива глава не би го откриле.

Токму последната случка која речиси сите би ја премолчеле, Миа јавно ја обзнани, па уште ги отвори и своите Инстаграм приказни за прашања на нејзинте следбеници, на кои таа и јавно им одговараше.

А случката нималку пријатна. Хируршки зафат по кој таа заврши во болница. Овој пат самоиницијативно, па заврши „под нож“. За како што самата и ќе каже, „да си ги среди работите кои се абат со годините“!

Но, за да не помисли некој дека кој знае што се случило, не дај Боже некаква болест или повреда, еве ја вистината.

Причаната навидум прзаична, ма сепак на Миа и покрај сиот напор од исхрана, вежбање, откажување од многу зџадоволстава, сфатила дека не сака „мау долу“ да има „завеса“ која со ништо не се трга!

И не само заради тетоважата и „кожната завеса“, туку и заради неколку други фактори што предизвикале на крајот на денот Миа самата на себеси да не си го бендисува абдоменот!

Резот прилично голем, речиси „од крај до крај“, ама современата медицина гарантира дека за две години ќе исчезне, речиси ќе го снема!

Ама затоа и тоа како е забележливо она што естетскиот хирург го извадеил од инфлуенесерката.


Изваденото можеби не е за гледање, ама затоа Миа и тоа како ќе биде за гледање на лето кога ќе се соблече за сончање на некоја од плажите… За некого, веројатно и многу порано!

Фото: Инстаграм/miandrija






