Радио Милева „партали!“

Едната водителка, другата пејачка: Овие две познати Македонки за Сергеј Варошлија се тешка модна катастрофа

Едната водителка, другата пејачка: Овие две познати Македонки за Сергеј Варошлија се тешка модна катастрофа

Никој не е непогрешлив кога е во прашање модниот избор, но кога си јавна личност и се појавуваш на телевизија и настани каде сите очи се вперени во она што го имаш на себе, тогаш за модната комбинација нема прошка, особено кај оние добро упатените во модата.

Кај нас без резерва може да се каже дека Сергеј Варошлија е модениот гуру кој не ги простува грешките.

Мета на остра и жестока критика кај Сергеј во неговиот најнов поткаст „Урок“ се најдоа неколку познати јавни личности, но две се издвоија. Прва за остра критика беше фолкерката Сузана Гавазова за која кажа:

-Сузана Гавазова е една од модните катастрофи, дефинитивно. Сузана никако не оди со мода. Сака мода, сака да има убави парчиња, меѓутоа дали има погрешни стилисти, дали сама ги бира парчињата, и во двете ватијанти. Ако има стилсити, треба да си најде нови и да не паѓа под нивно влијание. Затоа што Гавазова е атрактивна сама по себе, е популарна, и мислам дека треба да биде многу поубаво спакувана, отколку во некој ваков тенеќе фустан со тие некои бисери што изгледаат на пластика. Злато како од кусур, што мириса на паричка како лименка. Ми се допаѓа косата, останатото, се’ е тешка катастрофа!

Сепак, првото место од катастрофите, далеку пред Гавазова, прогласена беше ТВ водителката Вера Мештеровиќ која Сергеј буквално модно ја урниса.

-Занчи Вера Мештеровиќ е ултимативна модна катастрофа. И минатата година и оваа сега, од старт можам да ја прогласам за модна катастофа на 26-та. Еве во јануар месец Вера е прогласена од мене, тој никој небитен Сергеј Варошлија, таков, ваков,  никаков каков што сум, ја прогласум Вара за модна катастрофа на 2026-та година. Со тоа што, тука нема оправање луѓе. Реков дека Гавазова е катастрофа, но кај неа можеби има оправавање, верувам дека има со добар стилист. Кај Вера нема, се надевам дека нема да биде катастрофа и на 27-ма . Погледнете… не ви треба мојот коментар, јасно ви е се’. резимирше за крај.

Инаку, и минатата 2025-та година Сергеј ја критикуваше Вера Мештерофиќ, односно нејзиниот изглед од тогашната „Златна Бубамара“ кога коментираше дека му изгледа како донесена од Индија, поточно како плесачица за на слон.

Вера во ниедна прилика не се огласи јавно со реакција за критиката и остана воздржана.

Сергеј пак, уште тогаш  напомена дека со Вера се познава од многу одамна и дека треба да се разграничи моментот дека тој не ја напаѓа нејзе како личност, туку изгледот со кој се појавува.

фото:You Tube printscreen/ LAZAROV

To top