Познатата македонска ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска ретко ги споделува приватните моменти од животот, но кога има посебен повод, знае да ја допре јавноста со искрени емоции.
На Водици, 19 јануари, таа објави семејни фотографии на Инстаграм, посветени на големиот празник и на 81. роденден на нејзината мајка.

Во емотивната порака, Лила истакна дека Водици е важен празник, но за нивното семејство денот е уште посебен – токму тогаш е родена нивната „најсакана Мајка“.
Целото семејство било заедно, во топла атмосфера, каде мајката ги дувна свеќичките на чоколадната торта, па дел од прославата со среќни насмевки сподели пред обожавателите.

На фотографиите е синот на Лила, Филип, брат ѝ, и целото блиско семејство околу роденденската маса.
„Водици е голем празник, но за нас најважен… Денес е родена нашата најсакана Мајка. И да, таа е од оние мајки кога ќе го споменеме нејзиното име треба да застанеме. Бескрајно благодарни за сите овие години љубов и поддршка, горди на сѐ што за нас направија со нашиот татко и можноста денес да го прославиме осумдесет и првиот роденден. Понекогаш не е сигурна кои сме ние, но најважно е што ние знаеме која е таа.
Најсреќен роденден мамо,бескрајно те сакаме и да ни живееше уште долго долгооо!“, напиша Лила, завршувајќи со големи букви полни со љубов.


Овој емотивен момент ја потсетува јавноста на семејните вредности кои Лила ги чува блиску до срцето, за време на големиот празник.
Foto: print screen/Instagram/lilafilipovska






