На концертот на Ана Бекута по повод српската Нова Година во Чачак синоќа се случи инцидент, кога неколку собрани демонстранти фрлаа снежни топки кон пејачката.
Уште еден инцидент на насилство од страна на демонстрантите се случи на градскиот плоштад во Чачак.
Неколку луѓе во толпата фрлаа снежни топки кон пејачката за време на концертот.
View this post on Instagram
Пејачката беше упорна и сакаше да си ја заврши работата што е можно поправилно. Пееше и покрај звукот на вувузелите и свирчињата. Во еден момент, Бекута им се обрати на протестантите.
– Срам да ви е! Дали имате мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Нема повеќе да пееме и свириме! Ајде, рацете во воздух – рече Бекута и продолжи да пее.
View this post on Instagram
Додека, пак, фановите беа трогнати од ситуацијата и застанаа на нејзина страна и дадоа поддршка.

Фото: printscreen/instgaram/bekutana_fanpage







