ТВ водителот Миро Кацаров во својата емисија „Вечер по осум“ го угости познатиот талентиран пејач Александар Тарабунов.
Разговорот течеше живо, а еден момент особено привлече внимание – кога Тара не остана должен да му врати на Сергеј Варошлија кој неодамна за него рече дека е „непоправлива модна катастрофа“.

Кацаров директно му се обрати на Тара токму за неодамнешната критика која ја доби од Сергеј Варошлија за облеката. Тој го праша зошто едноставно така изреагирал.
– Зошто така му изреагира на Сергеј што те направи пепел на Инстаграм? Јас мислев ќе грмнеш нешто, значи пепел те направи човече. Некако беше многу ти, мирен тивок.

– Како јас не грмнав? Модна утка е да дојдеш во елече и џембер. Па што треба да ставиме, како мачки, да се шкртаме нешто. Рогови? Не знам, помодна катастрофа како вештерка што седи во овакво, тоа е за мене катастрофа – врати Тара.
Овој забавен дуел предизвика насмевки кај публиката, а веќе предизвикува реакции на социјалните мрежи.
Foto: print screen/Instagram/aleksandartarabunov






