Радио Милева прво дете

Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон ќе стане татко: Тајно се оженил со колешка 24 години помлада од него

Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон ќе стане татко: Тајно се оженил со колешка 24 години помлада од него

Актерот Џастин Теру, поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, го очекува своето прво дете со сопругата, актерката Никол Брајдон Блум.

Списанието „People“ ја потврди среќната вест дека 54-годишниот актер и неговата 31-годишна сопруга наскоро ќе станат родители.

Двојката се венча оваа пролет, иако гласините за романса почнаа да кружат две години порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


Џастин и Никол првпат беа поврзани во февруари 2023 година, кога беа видени заедно на настан на „Netflix“. Само неколку месеци подоцна, во август, папараците ги фотографираа како се бакнуваат за време на романтичен состанок.

Тие го имаа своето „официјално“ деби на црвениот тепих во 2024 година, кога блескаа заедно на забавата на „Vanity Fair“ за Оскар.

Кратко потоа, во летото 2024 година, беше откриено дека тајно се свршиле во март на приватна церемонија во друштво на најблиските пријатели и семејството.

фото: printscreenb/instgaram

To top