Радио Милева нереално

Славната дизајнерка го шокираше светот со својот изглед: Сите се прашуваат што и се случило?! (фото)

Славната дизајнерка го шокираше светот со својот изглед: Сите се прашуваат што и се случило?! (фото)

Последната фотографија од „жената која не старее“ ја шокираше јавноста. Познатата дизајнерка Вера Ванг, која со децении го заинтригира модниот свет, е толку слаба што обожавателите се загрижени дека нешто не е во ред со нејзиното здравје.

За Американката која се прослави со венчаниците многумина велеа дека го открила светиот грал на вечната младост, а со последните фотографии кои ги објави на својот Инстаграм профил и самата ги „загреа“ тие тврдења – иако полни 75 на 27 јуни, изгледа како да има само 35 години

Прво објави неколку фотографии од фризерскиот салон, а потоа направи селфи пред да оди на вечера. Освен коскестото лице, во преден план беа и нејзините тенки нозе.

– „Оваа фотографија е вознемирувачка“ – напишала една жена, друга истакнала дека е „загрижена за своето здравје“ бидејќи изгледа „премногу слабо“.

Некои со потсмев коментираа: -„Вака изгледа дама која редовно вечера коцки мраз“.

– „Повторно испи крв од еднорог“ – додаваат некои.
Самата Ванг пред неколку месеци зборуваше за тоа како и испаѓа секојдневната рутина, кога е исхраната во прашање:

– Редовно пијам вотка, јадам хамбургери, темни крофни полни со крем и шеќер. Тоа е како желе, но со крем од ванила внатре. Го сакам и розовото со трошките. Но, не се дебелеам, бидејќи сум зафатена со работа. И, секогаш работам напорно на себе.

Инаку, Вера имаше само 23 години кога стана најмладата модна уредничка и стилистка на магазинот „Вог“. Тоа го правела следните 16 години, а потоа се вработила во модната куќа Ралф Лорен, по што се преселила на позицијата главен дизајнер. Во 1990 година, таа го отвори својот прв бутик за продажба на венчаници на авенијата Медисон, а останатото е историја.

Во осмата деценија работи со полно работно време, произведувајќи облека, обувки, модни додатоци, па дури и прибор за јадење под сопствен бренд, а ја објави и книгата „Вера Ванг на свадби“.

фото:Instagram printscreen/ #veravang

To top