Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ заработи многу коментари за своите најнови објави на Инстаграм.
Ана Ивановиќ неодамна официјално поднесе барање за развод од поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого помина 9 години во брак и имаше три сина.
Германските медиуми вчера објавија дека Бастијан и Ана „дури и не сакаат да се видат на суд“ и дека изразиле желба целиот процес да заврши што е можно поскоро.

Откако беше објавено дека „нешто не е во ред“ во нивниот брак, целата јавност застана на страната на Ана. Нејзиниот Инстаграм профил е преплавен со пораки за поддршка, а поради најновите фотографии што ги објави, се насобраа и љубовни понуди.

Ана објави неколку слики на кои шета низ градот и надвор навечер, облечена во шорцеви и чизми до колена, а поради нејзината убавина и насмевката што никогаш не ја симнува од лицето, добиваше пораки во кои пишуваше дека „ се вљубени во неа“, како и дека „им е жал за нејзиното скршено срце, но се тука да ја утешат“.

Познатата тенисерка Ана Ивановиќ конечно стави крај на бракот со Бастијан Швајнштајгер. Како што објави „Билд“, таа официјално поднесе барање за развод во Општинскиот суд во Минхен, во одделот за семејни спорови.

Foto: printcsreen/instаgram







