Младиот музичар и водител на „Кој те праша“, Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена Доневска станаа родители за првпат.
Убавата вест гордиот татко ја обзнани преку видео од болницата каде го дочека доаѓањето на првото машко кај Апостоловци, па кажа:
Така возбуден и еуфорично понесен, тато Виктор како што е ред крена чаша во име на Адам, неговото прво чедо од кое се уште во неверување дека е тука и веќе почнал да го менува неговиот живот од корен.

Честитките го преплавија, а тој една по една ги сподели сите, зашто на ваквата радост и нема крај…

Инаку, Виктор и Милена се уште едни од многуте познати кои моментот при крајот на бременоста го овековечија преку специјална фотосесија која ќе биде спомен на едно време кога нештата биле сосема поинакви пред да дојде бебето.

Инаку, новопечените родители претходно беа во долгогодишна врска. Виктор ја побара раката на сакатата пред две години, а ја ожени со голема битолска традиционална свадба веќе изстото лето 2023-то.
фото:instagram printscreen/professor_va







