Марија Луиса Тодоровска оддамна има признаено на кого од фамилијата целата се метнала. На својот и идол, нејзината супербабичка!
На дамите не им се бројат годините, на бабите пак ич, а баба и’ на Марија деновиве славеше роденден! И верувале или не, се’ уште е витална како да е млада девојка и може да дури и физички работи! Марија не можеше да не и го прослави роденденот, а патем родена онака чешита, не беше е жива ако не ја открие тајната со тоа што видеото од прославата го закачи на своите Инстаграм приказни.

Пејачката баба најмногу си ја сака, меѓудругото затоа што на неа се метнала да биде толку талентирана. Тоа уште лани го покажа и докажа кога ја објави баба како пее додека одмара помеѓу две активности во бавчата.
Ама затоа Марија ја научи баба како да позира за на социјални мрежи…
Двете образ до образ и еден роденденски бакнеж од Марија за баба, за здравјем, среќа и долг живот.
Ако годинава две свеќички со „бројка за машала“ светеа на тортата, зошто за одреден број години да не биде бројка со три, која уште долго ќе се менува додека свети?!
А баба, чешита и додека и ја пеат роденденската песна, па со војнички поздрав ги поздрави и им се заблагодари, зашто не знаеше англиски. Да знаеше – и таа „ Happy birdhday“ ќе запееше! Вака само поздрав со крената рака и танц на песната додека другите и ја пееја.
Нека е жива и здрава, среќна и долговечна!
Фото и видео: Инстаграм/





