Лила Филиповска неодамна се врати од роденденското патување во Бразил.
Месец октомври беше нејзин месец, па ако пред две година за роденденот беше во Венеција, лани се реши за патување во Малта, годинава изборот падна на Сао Паоло – Бразил од каде се врати со куфери полни импресии.

На најпопуларната водителка и инфлуенсерка од уживање и патување никогаш доста, па на свои 54 години апсолутно знае што сака и што и прави мерак, а тоа е ако може постојано да биде на патување и во истражувачка акција.
Веројатно ниту самата не зне колку дестинации досега посетила во животот, но она што сигурно го знае се оние места каде досега не била, а стојат во нејзината план агенда за пат околу светот.
Секогаш со предизвик пред себе, нова дестинација и желба за уживање и релаксација.
А како што веели таа, ако ја прашаат која е најважната книга која и го промени животот, ќе каже едно: „мојот пасош“.

Арно ама, нeкогаш постои и дилема каде да се патува, а особено таа е на мака кога веќе почнал нов месец како сега стартот на ноември, а Лила се уште не тргнала некаде.
-Јас, под голема депресија зашто се уште не сум била на патување месецов (а веќе е 2-ри ноември).

Водителката и инфлуенсерка повторно ја покажа својата духовита страна, но и тоа колку е зависна од она што е нејзина духовна храна во животот.

А пропо ова, јасно е дека Лила не чека времето да ја гази, па планот веќе и е прецизно комплетиран.
фото:instagram printscreen/lilafilipovska




