Ангела Влинтовска (21) од Скопје, дојде директно од музичката академија на сцената „Ѕвезде Гранда“.
За младата и телентирана девојка деновиве во домашните и српските медиуми се пишува доста, особено поради изборот на една песна која најмногу ги изненади членовите на жирито.
Станува збор за „Стариот џумбушлија“ која своевремено Ана Бекута ја изведе на Валандово 91-ва), токму оваа песна воошто не ја очекуваа, па ги измести од комфор зона редовно да слушаат едни изти песни од натпреварувачите.

На сцената Ангела првин ја испеа „Признавам“ , а потоа и „Стариот џумбушлија“ на Ана бекута која пак во тој момент, односно емисија беше отсутна.
Таа доби пет гласа од жирито и два гласа „против“ од Мили и Дара Бубамара, па повторно пееше во бараж.
– Мислам дека ова е вистински баланс на сили. Првата песна беше неуспех. Требаше да ја земете Каролина Гочева. Вашата прва песна беше фаул – рече Ѓоле.
– Девојката е многу симпатична, убаво си стилизирана. Не ми се допадна бојата на твојот глас и таа песна. Премногу си млада за да пееш толку старомодни песни, не ми се допадна – рече Дара.
Цеца истакна дека ако Ангела продолжи, таа би очекувал поинаков вид музика од неа, нешто помодерно.

Кеба исто така нагласи дека изборот на песни пресудил дека не ги добил сите гласови.
– Мислам дека си добра за иднина, убава си, музичарка си и знаеш што не беше добро. Втората песна беше подобра, добро владееш со трилери – рече Сања Вучиќ.
Во својот коментар, Мили нагласи дека една ѕвезда, покрај гласот, мора да ја контролира и енергијата со која ќе ја привлече публиката.
– Фактот дека го познаваш овој опус, имаш толку години е за голема почит. Вистина е дека имаш детскка боја на гласот за да ги изведеш овие песни. Според мене, добро ја отпеаја втората песна – заклучи Снежана Ѓуришиќ.


фото: You tube printscreen/ Zvezde Granda/ facebook/ Angela Vlintovska







