Песната „Жена“ на Антониа Гиговска во петокот, на втората фестивалска вечер на „Макфест“, доби награда од 120 изјади денари за најслушана песна меѓу две фестивалски изданија.
Специјален повод за присуство на Антониа на макфестовската сцена каде ја прими наградата и ја изведе победничката песна.

Нешто подоцна откако слегнаа впечатоците Гиговска се обрати преку социјалните мрежи:
„Жена“е победник на „Макфест“. Оваа награда ја посветувам на мојата публика, онаа без која ништо од ова не би било реалност… Ја посветувам на сите силни, чуствителни и жени кои што секојдневно ме инспирираат да правам музика… Ја посветувам и на оние мажи кои што вистински знаат да сакаат, ценат, почитуваат… затоа што нели, „ПРАВО МАШКО ЗНАЕ КАКО ТРЕБА, ДА СЕ САКА ЕДНА ЖЕНА“- напиша Антониа.

Сепак, она што што јавноста најмногу се осврна, не беа честитки или коментари кои се однесуваа на песната, туку напротив, фокус на мноштвото беше стајлингот, односно целокупниот изглед на Гиговска.
За оваа прилика таа се одлучила за екстравагантен косим во склуптурална форма и впечатливо црвена боја, многу близок до костимографија, но истовремено и сценски, артистичен и сосема адекватен на уметничко модниот израз кој таа го прикажува изминатиот период.

Шминката и фризурата повторно беа инспирирани од албинизмот, изглед кој Антониа го имаше и од спотот за песната „Аман“.
Жестоките коментари за тоа дека претерала, се редеа еден под друг:
„Те разбирам модерно време ,треба да бидеш поинаква, но те молам не се уништувај до толку зошто ти нема рамен никој на твојот талент и глас“; „Ти си преубава..не мора да ја копираш Лади Гага или било друг…биди си тоа што си“; „Не дозволувај од убава девојка да се исплашиме вчера сите“… гласат само мал дел од оние кои не се воздржаа од негативна критика.
Познато е дека Антониа и тоа како вложува во себе како артист, од нови песни и спотови, па се до имиџот кој го гради како свој сценски печат.

Простор за правдање зошто била ваква или онаква, воопшто немаше, а и не беше потребно. Антониа се почувствува повикана само да ги истакне креаторите на се’ она што беше таа за макфестовската вечер.
Дизајнот е на Дејан Сидоровски, стајлингот на Викторија Бурсаќ, шминката на Даниел Николовски и косата односно периката на студиото на Зоки Давитков.

Јасно како ден е дека изгледот на Антониа не е нешто кое првпат го гледаме… Инспириран од Лејди Гага, Мадона, Дејвид Боуви, Кортни Лов, Били Ајлиш, но сееднно. Она што е евидентво е дека се’ она што е наше и поинакво, а сцената истото го бара, за жал многу тешко е прифатливо и за многумина е надвор од општоприфатените норми.
фото:Facebook/ Antonia Gigovska







