Радио Милева сеќавање

„На овој ден“ – Теа Трајковска со емотивен спомен на Буцо Битбокс

„На овој ден“ – Теа Трајковска со емотивен спомен на Буцо Битбокс

Пејачката Теа Трајковска по седум месеци од трагичниот пожар во Кочани, повторно ги допре срцата на своите следбеници на Инстаграм.

На кратката приказна на Инстаграм таа сподели видео и фотографија, сеќавање на една од  дружбите која се случила на денешен ден,  пред шест години— со битбоксерот Мартин Атанасов, познат како Буцо Битбокс.

Мартин, кој беше една од невините жртви на трагедијата во клубот „Пулс“, ја напушти Македонија, оставајќи зад себе голема празнина што тешко се пополнува.

Теа со емотивните спомени, предизвика солзи на социјалните мрежи, потсетувајќи дека јавноста не е подготвена да се помири со тоа што го загуби. Но, и покрај болката, тие убави моменти од заедничките дружби,  остануваат како убав спомен што никогаш нема да избледи.

 

 

Низ овие убави моменти искажани со искрена емоција, Теа испрати порака дека животот продолжува, но ние секогаш ќе носиме дел од нив во нашите срца.

Јавноста, и покрај тагата, ги чува овие спомени како  богатство, тие се тие што ќе останат живи и ќе ги воздигнуваат како пример за љубов, храброст и човечност.

Македонија и понатаму ќе ја памети  трагедијата која остави длабоки последици, но токму преку овие лични изјави се гради и издржува заедничката сила на надеж и сплотеност.

Теа Трајковска со својата посветеност и љубов кон пријателите е еден од оние гласови кои не дозволуваат трагедијата да се заборави, туку да се претвори во вечен спомен.

Foto: print Screen/Instagram

 

To top