ТВ водителот Миро Кацаров наскоро ќе стане татко за првпат.
Неговата сопруга Ивана е бремена во третиот триместар од бременоста и се брои ситно до последните и највозбудливи денови од исчекувањето на малиот наследник.
Миро не криеше дека одамна посакувал да добие дете, па откако сопругата имала една неуспешна бременст, сега со Божја милост го очекуваат нејголемиот благослов.

Полот на бебенцето го открија преку интимна забава меѓу блиските, а тогаш и самите дознаа дека ќе добијат синче чие име го обзнанија тогаш.

-Од сега па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите што ни ги даде – стои во описот на објавата на идните горди родители.

Миро почна са ги полни објавите на „стори“ со објави поврзани за бебето, а од последната откри ноколку парчиња бебешка облека, снимка од ултра звук, па и тестот за бременота, од каде возбудата наедно и започна.

Инаку, Миро и Ивана заедно со нејзината ќеркичка од првиот брак, Миа, наскоро ќе отпочнат едно ново животно поглавје, пошарено и уште поисполнето со љубов, засилена од малиот Тадеј.
.фото:Instagram printscreen/miroslavkacarov







