Радио Милева есенска релација

Марјана Станојковска го продолжи летото: Водителката замина на плажа во Октомври

Марјана Станојковска го продолжи летото: Водителката замина на плажа во Октомври

Марјана Станојковска докажа дека летото сè уште не е завршено. И покрај тоа што времето веќе налага топла облека, таа си дозволи уште една прошетка на плажа.

На социјалната мрежа Инстаграм, македонската Лото девојка и инфлуенсерка им покажа на своите следбеници дел од својата есенска релација на морскиот песок.

Заедно со своето милениче, Марјана уживала во шетањето по плажата, обиколена од мирисот и шумот на ветерот со што ги потсети следбените на топлите летни денови.

Нејзината силуета и убавината што ја носи во себе пленат внимание, а следбениците и оставаат единствено само комплименти. Па, лето или не, Марјана знае како да ги направи деновите магични.

Foto: printscreen/instagram

To top