ТВ водителката Милена Антовска – Станковска изминатиот викенд имаше свечен настан каде беше поканета како гостинка на свадба, а за истиот како што е ред се скоцка во тип- топ елегантно модерно и стилско издание.
Во скад во есенскиот период и она што е колорна есенска тенденција, Милена избра богата светкава текстура на корсетиран коктел фустан во боја на црвено вино која оваа, како и многу претходни сезони е апсолутен „ин“.

Оваа непогрешлива комбнација кој совршено ја нагласи нејзината витка линија и впечатливото деколте од кое контрираше само масивниот металик ѓердан кој пак совршено ја надополни нејзината модна замисла.
Жените велат дека пофалните коментари доделени од жена на жена за изгледот се многу послатки на душа отколку оние од посилниот пол, а Милена овој пат доби доста такви:

„Не си нормална како изгледаш“ ; „Бог ти дал идеален спој на се’“ ; „Убавица“… гласат само мал дел од сите оние коментари кои осамнаа за изгледот од објавата на познатата водителка.

Сигурно е дека и годеше, а нема сомнеж и дека меѓу гостите не само со тоа што беше познат лик како магнет за погледи плус, за тоа допринесе и вака добриот моден избор во кој таа изгледаше како милион долари.
фото:Instagram printscreen/milena_antovska







