Цеца Ражнатовиќ одлучи повторно да ги среди деловите од лицето што не ѝ се допаѓаа.
Пејачката неодамна повторно се оперирала. Според корисниците на социјалните мрежи, таа неодамна го оперирала носот. Тие го заклучиле ова врз основа на неодамнешното појавување на пејачката во една емисија, но и на фотографии од минатото, поточно од пред околу две години. Разликите се забележливи.

Цеца имаше малку подолг нос во претходните години, а сега, како што можете да видите, е некако позаоблен. Пејачката очигледно сакала малку да ги промени цртите на лицето, па затоа решила да направи овој чекор.

Ова не е прв пат Ражнатовиќ да се разубави онака како што мисли дека треба да изгледа, а покрај операцијата на носот, таа направи и лифтинг на лицето.

На една фотографијата направена од папарацо на Курир во 2018 година јасно го покажува хируршкиот рез што, според сите извештаи, бил направен во изминатите неколку месеци. Обожавателите на пејачката кои се појавија пред судот во Нов Белград таа година беа изненадени од она што го видоа на нејзиното лице и не ја криеја својата загриженост. Цеца, која се појави во розова облека со залижана коса, очигледно превидела дека лузната на нејзиното лице може да предизвика толку многу коментари.
Foto: print Screen/Instagram/cecaidecashow







