Радио Милева ријалити домаќинка

Македонската „плус-сајз“ убавица покажа дека е елита во една работа: Ниту една ријалити старлета така добро не меша како наша Моника (ВИДЕО)

Македонската „плус-сајз“ убавица покажа дека е елита во една работа: Ниту една ријалити старлета така добро не меша како наша Моника (ВИДЕО)

Македонската ријалити учесничка Моника Станојкова на пошироката јавност кај нас, но и во регонот и стана позната по своето учество во осмата сезона на најпознатото регионално реално шоу „Елита“.

Оттаму бргу испадна, но остана запаметена по неколку работи. По својот физички изглед секако, зашто беше една од ретките „плус – сајз“ убавици во најгледаното ријалити, но и по отворените изјави дека не се срами што била нечија љубовница, а тој некој бил човек во брак.  Така, Моника стана најпознатата македонска ријалити швалерка во регионот. Но, затоа пак од друга страна искреноста и донесе мноштво непријатности во вид на грди кометари на социјалните мрежи, ама пак од друга страна и грст симпатии зашто ретко која се осудила и како неа отворено проговорила за својата „забранета љубовна врска“ со женет човек.

Оттогаш Моника стана прилично интересна за медиумите, особено за оние домашните, па „буцкастата“ убавица е честа гостинка во поткастите и на насловниците на порталите, а бриојот на следбеници на социјалните мрежи драситчно и се зголеми. Почнаа да ја следат и оние што Инстаграм или Тик Ток претходно речиси и да не отвориле… И го следат секој потег, секој чекор, секое патување, сиот живот… Па така го проследија и последното изненадување што Моника Станојкова им го приредила и ним и на јавноста.

Имено, ако досега нашата ријалити ѕвезда се сликаше на разни одмори, викенди, патувања, подразголена, во базени и џакузи, овој пат Станојкова изненади, покажувајќи дека е елита во една работа.

@stanojkovastarDok vi pratite moj život, ja pratim mehuriće u privatnom đakuziju. Svako ima svoje zanimacije.🛁✨♬ POLU ZENA POLU MACKA – emaradujko

Имено, ниту една ријалити старлета така добро не меша како наша Моника!  До душа, не е во прашање мешање на подуим, мешање чочек на свадба, не меша качена на шанк, на маса или на нешто трето… Во прашање е домаќинско мешање на она што за секој Македонец во зима е свето, небаре е Божји дар – домашен ајвар!

Фото и видео: Инстаграм/stanojkovastar

 

 

 

 

To top