Календарски летото го испративме, многумина му кажавме чао, ги спакувавме и сите создадени спомени кои ќе останат да сведочат од фотографии и силни сеќавања од нашата меморија за се’ она што вредеше да биде зачувано од ова лето 2025-то.
Иако настапи есента, топлите сончеви денови се’ уште се тука и не се откажуваат од тоа да не држат во летна перцепција.
Токму поради ова честење кое временските прилики го пружат, за оние кои си можат, а приликите и можнстите тоа им го овозможуваат, на летото и не мора да му се каже довидување до следното 2026-то.
Меѓу нив се: Калиопи, Драган Величковски -Тајзи, Елена Најдоски, Александра Пановска Илиевска…
Секој од нив избра да биде на плажа покрај море, додека Тајзи не замина преку граница, туку овој топол септември остана да го ужива убавиот син бисер – Охрид.

Сега плажата секој може са си ја препише како своја, а доживувањето да се биде сам со морето и звуците од брановите е неверојатно, токму како она на Калиопи.

А за да биде позабавно, ТВ водителката Александра Пановска Илиевска избра овие убави летно-есенски денови да ги искористи за дружба на плажа во друштво.

Сонцето во септември „не гали“ не така јако и инензивно како од претходните месеци, па токму затоа за некои е витински благодат да го уживаат до максимум – по цел ден како инфлуенсерката Елена Најдоски.

А кога ги гледаме преку социјалните мрежи, ретко кој не посакува барем на викенд да си приреди едно репризно летно одморче од лето 2025-то.
фото:Instagram printscreen







