Радио Милева без заобиколување

Поинакво разголување: Мелита со детали какви жените ретко откриваат

Поинакво разголување: Мелита со детали какви жените ретко откриваат

Поранешната ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ отсекогаш била интересна фигура, независно дали се занимава со јавна работа или не. За неа денес сосема доволни се социјалните мрежи за да доминира, а бројот на следбеници постојано да и се зголемува.

Денес Мелита има речиси 40 илјади следбеници кои секогаш се „гладни“ за нешто повеќе од неа, а таа пак е неуморна со своите објави од тренсетерскиот живот кој и е секојдневие.

Разголувањето за Мелита воопшто не е некоја новина, но овој пат таа пред очите на виртуелните пријатели и обожаватели понуди едно поинакво разголување, онакво за кое жените не ретко говорат или го споделуваат.

Мелита направи преседан од комуникацијата со следбениците, односно виртуелното интервју кое тие и го направија, а во истото меѓу многуте прашања стоеше и она за тоа колку е висока, колку тежи и колку тетоважи има? Ова прашање од нејзина страна не беше заобиколено, туку веднаш одговорено:

-Висока сум 168 см и имам 52 килограми сега. Тетоважи 11 имам- напиша таа.

Следеше и уште една несекојдневна објава, па така ако Мелита секогаш ја гледаме средена од глава до петици, оние љубопитните сакаа да ја видат и во едно сосема поинакво, домашно издание, во случајот додека чисти.

-Слика без ништо, додека чистам, мислејќи дека нема шминка, филтри, и тип-топ стајлинг.

Токму кога би помислиле дека од Мелита Ракиќевиќ веќе се’ е видено, таа извади нешто поинакво, разголување кое цели кон едноставното и она што ретко се покажува и за кое се зборува,  а најчесто е скриено и интересно за другите.

фото:Instagram printscreen/melitameli

To top