Пејачката Маја Николиќ беше многу популарна во 2000-тите, а на врвот на популарноста, таа радикално го промени својот живот и се пресели во Америка, за што подоцна се покаја.
Маја Николиќ живееше во Америка девет години. Таму го роди својот син Лазар, и истакна дека животот во странство е скап и дека поради тоа пропуштила многу во својата музичка кариера.

-Најмногу грешки во животот направив поради љубовта, но не можам ни да кажам дека беше грешка, бидејќи во тој момент тоа беше најдоброто нешто за мене. Моите деца се убави затоа што се родени од љубов – истакна Маја.

Пејачката откри дека е подготвена на сè за љубовта, па затоа му ја посвети песната „Убиле ме Драгане“ на својот партнер. Видеото го сними пред неговиот локал.
Маја Николиќ беше мажена двапати, а од двата брака ги има синовите Новак и Лазар.
Таа го доби Лазар со својот втор сопруг Вук Кандиќ, а уште во 2011 година, додека Маја Николиќ се натпреваруваше во реалното шоу „Фарма“, нејзината поранешна свекрва откри шокантни детали од нивната врска.
Foto: print Screen/Instagram/





