Радио Милева уредна и на болничка постела

Ана Стојанова не отстапува од правилата: Без секој се може, ама без фризура – ни во болница! (ВИДЕО)

Ана Стојанова не отстапува од правилата: Без секој се може, ама без фризура – ни во болница! (ВИДЕО)

Кога најмалку и беше потребно и најмалку очекуваше на познатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова и се случи тежок малер. И тоа здравствен.

Иако навидум здраво живее, уште поздраво се храни, вежба, спортува, внимава што во себе внесува, очигледно се покажа дека ништо не е гаранција за апсолутно здравје. Тогаш кога во организмот од кој знае какви причина нешто ќе се поремети, ќе се „измешаат лончињата“  колку сакаша ти здраво живеј, настанува хаварија.

Токму тоа и се случи на познатата фитнес велешанка и тоа  пред самото тргање на нејзиниот закажан и организиран, годинешен летен предизвик со својата „Пич армија“ придружнички.

 

Дестинацијата еден од познатите грчки острови, се’ средени и натокмено за поаѓање, поточно испловување од пристаништето на грчкиот полуостров Волос, кога… Ете ти пех!

Ана Стојанова почувствувала силни болки во пределот на абдоменот, иако како што самата вели ништо „специјално“ не јадела, ниту пак пиела, напротив! Почуваствувала  слабост и помислила дека тоа е од патот до Волос, дека ионака има низок ритисок, но…

На крајот се испоставило дека мора да биде задржана во болница, зашто лекарите се сомневаат на воспаление, односно т.н. „напад на слепо црево“ и дека можеби ќе треба да биде итно оперирана!

За среќа во несреќа, лекарите решиле малку да почекаат и да сеобидат со медикаменти да го санираат воспалението, што засега вродило со плод, односно дало добри резултати! Ана за жал морала да остане уште еден ден на опсервација во болницата, за да се утврди дали дефинитивно воспалението ќе се смири со антибиотска терапија и операцијата нема да биде потребна!

Бродот со нејзината армија  придружнички сепак исплови и без нивниот „капетан“, зашто Ана мораше да остане, но… Како што самата умее да каже: „Без секого се може, па и без Ана, ако веќе се мора“!  Без секој се може, ама без фризура – Ана ни во болница, што е евидентно од приложеното видео, снимено во болничка постела!

Со фризура или без, брзо опоравување и добро здравје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

To top