Едно од најпрепознатливите лица на Балканот, водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина, наскоро ќе имаат уште еден член во своето семејство.
Како што откриваат изворите, Мина е бремена шестиот месец, а среќните родители со нетрпение го очекуваат доаѓањето на нивното второ бебе.

Минатата година двојката го доби синот Перун, кој донесе огромна радост во нивниот дом и стана центар на нивниот свет.
Според медиумските извештаи, Мина е веќе шест месеци бремена, но двојката одлучила да ја чува оваа вест во тајност до сега, пренесува Пинк.
Foto: print Screen/Instagram/callmenaumi





