Пејачката Јелена Карлеуша денес ги воодушеви своите обожаватели кога откри дека песната „Банкина“ е вратена на нејзиниот „YouTube“ канал.
Според информациите, Јелена Карлеуша наводно неодамна одлучила да ги закопа воените секири со колегата Аца Лукас, а ова се чини дека е еден од доказите дека дошло до помирување.
View this post on Instagram
Песната „Банкина“, која беше објавена во 2017 година, исчезна од видео платформата и каналот на пејачката, кратко време по нејзиното објавување, што ги разочара обожавателите.
– По помирувањето, Аца Лукас и Јелена Карлеуша го вратија видеото за „Банкина“ на официјалниот канал на Јелена Карлеуша, каде што песната има над 32 милиони прегледи – пишува во објава на една од фан-страниците на пејачката.

Карлеуша, која има кариера долга 30 години, стана член на жирито на музичкото натпреварување „Пинк ѕвезди“.
Како што истакна сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, Јелена Карлеуша не била со многу барања, лесно се договориле за сè, но сепак постојат одредени правила.
– Таа не бараше премногу кога стануваше збор за договорот, освен што бев малку ригорозен, па затоа ставив во договорот дека не смее да биде експлицитна, односно дека не смее да се споменуваат гениталиите и дека не смее да се гледаат гениталиите – изјави Жељко Митровиќ.
фото:Instagram printscreen/jelenasuperstarr





