Пејачката Рада Манојловиќ денес го слави својот роденден, а социјалните мрежи се преплавени со честитки од семејството, пријателите и обожавателите.
Рада Манојловиќ, родена на 25 август 1985 година во Пожаревац, со години важи за една од најатрактивните пејачки на домашната сцена.

Таа обрнува големо внимание на својот изглед, поради што многумина забележуваат дека изгледа многу помлада отколку што е.

Таа е позната по својата долга, права коса и стил кој речиси никогаш не се менува, па за разлика од многу нејзини колешки, таа не се осмелила да направи драстични трансформации. Сепак, на многумина им е тешко да поверуваат дека Рада штотуку наполни четириесет години.
Foto: printscreen/instgaram




