Победникот на 18-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“, скопјанецот Никола Станишиќ вечерва, (вторник, 26-ти август 2025) ќе одржи победнички концерт на Плоштадот во Автокоманда во Скопјe.

Сè е спремно за спектаклот што победникот го подготвуваше со недели заедно со своите соработници, а ние ви откриваме кој ќе се’ појави на сцената со него како изненадување, односно, кои ќе бидат негови специјални гости.

Никола одлучи специјални гости на концертот да бидат неговите колеги од финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Така, на сцената заедно со него на славеничкиот концерт во Скопје публиката ќе ги види и слушне: Ања Михајловиќ, Анѓела Арман, Ива Јокановиќ, Елвис Мешиновиќ, Мате Милиќевиќ, Ахмед Сејфиќ, Ѓорѓе Ѓокиќ и Зоран Ружиќ Ферари.

Да ве потсетиме, Никола пред неколку дена се огласи на социјалните мрежи и ги откри сите детали од концертот што неговите сограѓани со нетрпение го очекуваат.

„Со големо задоволство ве поканувам на мојот голем концерт, кој ќе се одржи на 26 август, со почеток во 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда, во Скопјe. Ќе биде вечер полна со музика, емоции и незаборавна атмосфера, а финалистите на ‘Ѕвездите на Гран’ ќе настапат со мене, што ќе ја направи оваа вечер уште поспецијална. Очекувам сите заедно да пееме и да уживаме“ – рече Никола.

За потсетување, пред неколку дена победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ и финалистката Анѓела Арман снимија видео за еден кавер, кое наскоро ќе го објават. Фотографиите покажуваат дека двајцата се многу блиски. Кога споделија дел од снимките на социјалните мрежи, сите помислија дека станува збор за свадба бидејќи Анџела носеше бел фустан и имаше бидермаер во рацете.

Иако Никола и Анџела беа поврзувани за време на натпреварот, тие ниту ги потврдија ниту ги негираа шпекулациите дека се во врска.
Фото: Вистина-архива/grand.nova.rs







