ТВ водителката Снеже Велков е ранобудна дама која уште на ранина е подготвена за акција. Кај неа отстапки и оправдувања за утрински вежби, независно дали дома или на отворено, никогаш нема, па дури и во недела.
Особено во лето уште пред да ја фати јако сонце, Снеже е пуштена на најјако со својот велосипет по патеката од кејот на Вардар.

Деновиве откако се качи на велосипедот, не ја навјасаа чудни мисли, пречекаа лоши кучиња, јако сонце или завидливи погледи, туку нешто многу пострашно, нешто кое за огромна жал стана секојдневие од она што го гледаме, а тоа е буквалво низ целиот град- ѓубре.
Виде невиде, Снеже реши да ја смени дневната спортска рутина, па се зафати со чистење од нешто поинаквата физичка пракса.
Снеже собра две вреќи ѓубре од секаков вид, па дури и два чифта обувки, па откако го прибра во вреќи и го однесе во контејнер, Снеже горда на себе и со убаво на душа за убавииот прочистен поглед од кејот, акцијата ја објави на Инстаграм.
Освен собраното ѓубре, следеше и резиме, буквално за сите, и секако апел за акција, самосвест која се учи уште од мали нозе со домашното воспитување и уште некоколку точки за оправување кои гласат:
А за се’ она што му се случува во Скопје во поглед на (не)чистотата очигледно треба да се покрене уште поголема акција од онаа на Снеже и јутјуберот Лазаров кој наодамна имаше ваква интервенција на кејот во колектив.
фото:Instagram printscreen/velkovsneze







