Радио Милева „фешн“ дама

Денес мајка на две и министерска сопруга, а некогаш манекенка: Нина на Борко Ристовски се присети на не така дамнешното минато

Денес мајка на две и министерска сопруга, а некогаш манекенка: Нина на Борко Ристовски се присети на не така дамнешното минато

Од министер за одбрана, Борко Ристовски стана актуелен министер за спорт, но остана  и се уште е љубов голема и гордост на сопругата Николина Нина Ристовска која не ретко знае да го пофали сопругот и да сподлеи заеднички семејни моменти.

Овој пат на профилот на убавата Нина осамна нешто поразлично, нешто кое многумина или само одредени кругови го знаат, а тоа е дека на министерската сопруга модата отсекогаш и била голема љубов и тоа уште пред да ги започне студиите за моден дизајн во институтот кај Изет Цури.

Нина пред  речиси една деценија се занимваше со моделство, се фотографираше рамо до рамо со познатите како Натали Грубовиќ, Марјана Станојковска и други.

Фотографиите сведочат за тоа време, а Нина се присети на истите и ги сподели на своите „стои“ објави.

Иако денес е мајка на две деца, синчето Душан и ќеркичката Анастасија, Нина изгледа одлично и во топ форма.

Бидејќи и не така многу изменета, Нина сигурно би ја препознале и на овие ретро фотографии на кои таа ја потсети јавноста.

фото:Facebook/Nikolina Nina Ristovska

To top