Оние кои ја следат и ја слушаат Северина, често ја нарекуваат кралица на стилот, а пејачката, велат тие, летово покажала голем број модни комбинации додека настапувала долж јадранскиот брег.
Но, некои имаат забелешки на нејзиниот стил и тоа, не поради тоа дали стилот е сам по себе добар или не, туку исклучиво во однос на возраста.

Една госпоѓа го коментирала изгледот на Северина на нејзиниот настап во боди од тексас кое ги открива нејзините долги нозе, велејќи: Кога ќе почнеш да се облекуваш во согласност со годините? Добила од пејачката соодветен одговор кој Северина го објавила и на Инстаграм: Кога ќе ми го позајмите фустанот од вашата профилна!

Коментарот стана вирален, а Севе на многумина обожаватели им го направи меракот, а веројатно и својот за она што не можеше да го премолчи.
фото:instagram printscreen/ severina





