Вчера, на 89 годишна возраст почина оперската примадона Милка Ефтимова. Таа беше истакната фигура во Македонската опера и горда претставничка на македонската уметност и култура на меѓународната сцена.
Во текот на својата долгогодишна , успешна и творечка кариера таа изведе четириесетина оперски улоги, како и бројни партии во ораториуми и соло настапи, настапувајќи повеќе од 1200 пати пред публика во близу дваесетина земји ширум светот.
Од неа со емотивна објава се прости македонскиот филмски и театарски глумец, музичар и водител, Васил Зафирчев:
– Нѐ напуштила драгата и почитувана Милка Ефтимова, наша оперска примадона и моја професорка по соло пеење. Голем уметник, прекрасна жена, вистинска дама од стар ков, која секогаш имаше мајчинска грижа кон младите и беше нивна голема поддршка. Со неа заминува неповратно еден величествен дел од македонската сериозна музика. Вечна ѝ слава и сеќавање!

На социјалните мрежи со искрени објави се простија и другите јавни личности и споделија нејзина фотографија на кратките приказни на Инстаграм.
ТВ водителката Милена Антовска Станковска
– Почивај во мир.

Стефан Филиповски, пејачот на „Некст тајм“
– Сочувство до фамилијата.

Македонската екс водителка и влијателна инфлуенсерка Миа Костова сподели и приватен момент со неа.
– Колку само костими и брзи пресоблекувања и шиења од нога има баба Љубица со неа…

Македонскиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов

Милка Ефтимова е родена во Радовиш на 26 февруари во 1936. Завршила средно музичко училиште во Штип, музичка академија во Љубљана, и предавала на Факултетот за музичка уметност и во средното музичко училиште во Скопје. Во 1961 за првпат застанала на сцената на оперскиот театар. Првата улога ѝ била Ацучена во Вердиевиот „Трубадур“, а од оперската сцена јубилејно се простила со улогата на Кармен во 1991 година.
фото: printscreen/instagram





