Германската манекенка и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, Хајди Клум, уште еднаш докажа дека времето застанало за неа. На 52 години, убавата русокоса се соблече целосно гола за ексклузивна фотосесија за француското списание „Paris Match“, а фотографиите што се појавија на интернет го оставија целиот свет без здив.
На сензуалните фотографии, Хајди позира сосема гола, без ни трошка срам, покажувајќи ја својата беспрекорна фигура, затегнато тело и самодоверба на која би ѝ завидувале многу помлади колеги. Особено внимание привлече провокативната поза во која таа го истакна својот совршено обликуван задник, со само навестување на мистериозна насмевка.
View this post on Instagram
„Како е ова воопшто можно?!“, „Божица на вечната младост!“, „Таа го запали интернетот!“, се само дел од илјадниците коментари што се слеваат на социјалните мрежи. Дури и оние најкритичните признаваат дека Хајди изгледа подобро од кога било.
– Го сакам своето тело. Не се срамам од моите години, напротив, горда сум на секоја линија и искуството што доаѓа со нив. За мене, голото тело не значи слабост, туку сила – изјави еднаш Хајди за медиумите.
Инаку, Клум е позната по својот смел стил и отвореност кон голотијата, но овој потег многумина го нарекуваат нејзиниот најхрабар досега.
Foto: printscreen/ Instagram/heidiklum







