ОВЕН
Денеска можеби ќе бидете на различни позиции со колега и овојпат нема да молчите. Денот ви дава шанса да решите комплицирана ситуација што ве мачи веќе некое време, користејќи ги вашите комуникациски вештини. Бидете искрени, избегнувањата и лагите нема да ви помогнат.
БИК
Денеска треба да покажете дека се цените себеси и, доколку чувствувате дека не сте соодветно ценети дома или на работа, пружете отпор. Денот ќе биде успешен на работнот место за оние од вас кои покажуваат самодоверба и не стојат во нечија сенка.
БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе бидете полни со енергија и ентузијазам, што ќе ви овозможи да постигнете сè што сакате. Бидете особено внимателни кога комуницирате со други луѓе, бидејќи ако некој – вие или другата личност – се обиде да командува или да доминира, ситуацијата ќе стане доста вжештена. Страстите денеска ќе бидат силни.
РАК
Денеска некои од вас може да го снема трпението и да одлучат дека повеќе нема да толерираат нечие однесување. Денот ви дава можност да се откажете од нешто старо или да дејствувате на нов начин во позната ситуација. Бидете похрабри и не плашете се да се откажете од луѓе кои повеќе не ви се потребни и да не се потчинувате на одредени околности.
ЛАВ
Денеска обратет повеќе внимание на вашата сакана личност и разговарајте за вашите планови со неа. Меѓутоа, ако имате партнер кој сака повеќе да доминира, може да дојде до судир и искри меѓу вас. На работа бидете посигурни во себе – ако сакате да бидете забележани, покажете поголема самодоверба.
ДЕВИЦА
Денот може да биде постресен за вас и може да се чувствувате загрозени или нервозни од однесувањето на поагресивните луѓе. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и вашиот шеф. Ако сте апсорбирани во некоја активност или работа, ќе вложите многу страст во неа и ќе бидете задоволни од она што сте го постигнале. Одличен ден да направите некои промени во вашата работна рутина.
ВАГА
Денеска чувствувате желба за авантура што е тешко за никого да ја задуши. Дури и да се обидат, нема да им дозволите. Ако некогаш сте се надевале дека ќе одржите врска со некој што го напуштил вашиот живот, денеска објавете му на универзумот вашата намера да продолжите натаму.
ШКОРПИЈА
Бидете поспонтани денеска и не плашете се од неконвенционалното и различното – можеби тоа доаѓа за малку да ве протресе и да ви даде можност да ги видите работите од нова перспектива. Конфликти се можни дома или на работното место, затоа бидете внимателни и, ако некој ве налути, не го истурајте тоа на најблиските. Можеби ќе мора да потрошите пари непланирано.
СТРЕЛЕЦ
Денот ви дава шанса да сфатите што предизвикува застој во вашата работа и евентуално да сфатите што да направите за да ја промените ситуацијата. Можеби мислите дека проблемот е кај некој друг, но сепак размислете дали и вие не сте одговорни. Кариерата на некои од вас ќе добие поттик во позитивна насока поради помошта од друго лице.
ЈАРЕЦ
Денеска ќе имате желба да го следите вашиот внатрешен глас и да излезете од ситуација во која не ви е удобно, или да му покажете на друго лице дека заслужувате повеќе од она што го добивате – емоционално или финансиски. Бидете похрабри и поставете граници. На работа, можеби ќе добиете можност за напредување.
ВОДОЛИЈА
Денот може да биде доста успешен за вас ако ја насочите вашата енергија кон нешто важно – на пример, креативна активност, омилено хоби или работен проект што ви е важен. Бидете внимателни во односите со вашата сакана личност и блиските луѓе, бидејќи постои ризик од експлозија. Доколку се појави конфликт, не ја обвинувајте другата личност, туку побарајте и своја одговорност за ситуацијата.
РИБИ
Денеска вашите емоции може да се разгорат без очигледна причина. Можеби предолго се воздржувавте од нешто што требаше да го споделите со вашиот партнер, шеф или член на семејството. Сепак, доколку е можно, почекајте малку и одложете ги поважните разговори за друг ден.
Извор: Нетпрес







