Радио Милева и рането и скршно срце

Во спомен на нејзиниот татко и роденденска поддршка за Панчо: Ана Костадиновска во два дена сподели две објави кои го кршат срцето!

Во спомен на нејзиниот татко и роденденска поддршка за Панчо: Ана Костадиновска во два дена сподели две објави кои го кршат срцето!

Ана Костадиновска покрај Панчо и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата таа кобна ноќ на нивниот последен настап во Кочани на 16-ти Март.

Иако скршена од болка, Ана полека почна да се појавува во јавноста, па дури и повторно да запее како долгогодишен придружен вокал на Каролина Гочева, на еден од нејзините неодамнешни настапи.

На социјалните мрежи по несреќата не е така активна, но не и дека воошто ја нема. И болката е неразмерно голема, тагата огромна, сликите се уште свежи, а спомените вечни… животот со сета тежина на себе, со сета грутка во душата, вака или онака,  мора да се живее.

А, кога ќе дојде еден од оние денови, некој од оние датуми, кои по добро или лошо ги паметиме, на кои со полно, рането или скршено срце се сеќаваме, тешко е со зборови да се опишат тие мигови. Тешко е да се изустат збориви, та биле на поддршка или искажана болка, но Ана Костадиновска собра сили во два дена да сподели  две објави кои го кршат срцето…

Првата на 27-ми месецов (јули 2025), денот кога засекогаш престана да чука срцето на еден од нејзините најмили и најсакани личности во животот. Денот кога се прости и таа и целата македонска јавност од нејзиниот татко, големиот македонски музички уметник, творец,  автор, композиторот, аранжер и диригент, великиот Кире Костов.

„Недостасуваш“ – беше доволен само еден испишан збор и два емотикона со скршени срца како симбол на двегодишнината од датумот на неговото заминување, споделени покрај фотографијата од нејзиното рано детство и татковата младост, на која обајцата се заедно во летните деновите на една бескрајна среќа и радост, години наназад во времето.

Само два дена подоцна, на 29 јули нов повод, овој пат иако убав, сепак со „измешани чувства“. Емоциите поделени, зашто денот беше роденден на нејзиниот другар и долгогодишен соработник Владимир Блажев – Панчо, кој се’ уште се опоравува од тешките повреди и последици од катасрофата во Кочани кои обајцата за среќа ја преживеаја, но за огромна жал и тага, останаа безмалку без сите останати колеги и блиски другари и другарки во групата, кои со мноштвото млади ги загубија своите животи таа кобна вечер во пожарот во клубот „Пулс“.

Една заедничка фотографија на Ана, на која се со Панчо и  оние кои веќе не со нас, Андреј и Сара, за вечен спомен и незаборав… без зборови, само со емотикон од рането срце, чии лузни остануваат засекогаш, довека.

Но, покрај сета тага, живото како што рековме мора да продолжи за оние што останаа живи, па Ана не сакала да го прескокне и премолчи роденденот на нејзиното „братче“, како што самата го нарекува Панчо, без да му испрати порака во вид на роденденска честитка, кога веќе заради околностите не може да го гушне, бакне и лично да му го честита.

Емотиконите со срце полно љубов и оној исполнет со сила да се издржи и надеж дека ќе се има сила, ја надополниле сликата на која се тие двајцата и нејзината ќеркичка, како втора од објавите кои Ана Костадиновска во два дена сподели… Објави кои го кршат срцето! Едната во спомен на нејзиниот татко, другата како роденденска поддршка за Панчо.

Фото: Инстаграм/kostadinovska2486

 

 

 

To top